Обука за користење на CHAT GPT моделот за вештачка интелигенција

Почетна - Обука за користење на CHAT GPT моделот за вештачка интелигенција
Oct 4, 2023

Обука за користење на CHAT GPT моделот за вештачка интелигенција

Вештачка интелегенција за време на часови? Планирање на наставни содржини со вештачка интелигенција?

Пријави се на БЕСПЛАТНАТА обука за користење на GPT моделот за вештачка интелигенција која ќе се одржи на 02.11.2023 од 12.00 до 14.00 онлајн на платформата ЗУМ.

Што претставува CHAT GPT МОДЕЛОТ?

ChatGPT е четбот со вештачка интелигенција (AI) кој користи обработка на природен јазик за да создаде разговорен дијалог сличен на луѓето. Јазичниот модел може да одговори на прашања и да составува различни пишани содржини, вклучувајќи статии, објави на социјалните мрежи, есеи, код и е-пошта.

За кого е наменета обуката?

Обуката е наменета за сите наставници и едукатори кои работа со ученици на возраст од основно и средно образование.

Заинтересиран/а сум, но што ќе научам?

  • Детално објаснување како функционира CHAT GPT моделот
  • Креирање профил за бесплатно користење на CHAT GPT моделот
  • Реални примери за користење на CHAT GPT моделот
  • Планирање на настава
  • Насоки за вежби и содржини
  • Насоки за користење за време на настава
  • Насоки за користење од страна на ученици
  • Можни опасности од злоупотреба на моделот

Како да се пријавам?

Пријавување се врши со пополнување на пријава достапна на следниот ЛИНК, најдоцна до 26.10.2023 година. По пријавувањето, ќе ви стигна потврда со информации за приклучување на ЗУМ.

За време на обуката потребно е да бидете приклучени на лап топ или компјутер.

Кои се обучувачите?

  • Весна Петровска – Инженер за интернет безбедност
  • Иван Јованов – Едукатор и Извршен директор на LEAD

ЛЕАД е основана во 2016 година од страна граѓански активисти, претприемачи, едукатори, средношколци и студенти со цел да поттикне општеството во кое младите и возрасни соработуваа за општествена промена.

Контакт

Бул. Илинден бр. 47-3, Скопјe
© Copyright 2024. All Right Reserved By LEAD