Во рамки на проектот „Граѓанско општество и млади за инклузивен и одржлив развој преку циркуларна економија во Северна Македонија“, Здружението Лидери за едукација, активизам и развој (ЛЕАД) објавуваат повик за вклучување на младински центри.
Целта е да се зголеми учеството на младите во иницијативи поврзани со циркуларната економија (ЦЕ) и намалување на отпадот на локално ниво, преку едукација, практични активности и мали грантови за иницијативи предводени од млади.
Младинските центри кои ќе бидат избрани ќе имаат клучна улога како локални фокус-точки за развивање и имплементирање на активности со млади. Тие ќе обезбедат простор за одржување работилници, ќе работат директно со младите во заедницата и ќе обезбедат менторска поддршка при реализација на иницијативите. За возврат, Центрите ќе добијат обука за користење на нова методологија за работа со млади, инвестиции во опрема и материјали наменети за центарот, како и финансиска поддршка за спроведување на локални младински иницијативи во своите локални средини.
Со ова, Центрите ќе ја зајакнат својата улога во заедницата и ќе придонесат кон развој на култура на одржливост и активно граѓанство.
Кој може да аплицира?
Критериуми за избор на младинските центри:
Активности предвидени за избраните младински центри
Избраните центри ќе бидат вклучени во следниве активности:
Што обезбедува проектот?
Како да аплицирате?
Заинтересираните младински центри можат да аплицираат со пополнување на формата достапна на СЛЕДНИОВ ЛИНК
Рок за апликација
Апликациите треба да се испратат најдоцна до 15.10.2025.
Со сите избрани младински центри ќе биде потпишан меморандум за соработка
За сите дополнителни прашања, обратете се на: info@lead.org.mk или на 078 204 814